Претседателот на РФ Владимир Путин и патријархот Московски и на цела Русија на откривањето на споменикот на Владимир Велики на Денот на националното единство, 4 ноември 2016, Москва, Русија.
AP„Денеска понекогаш слушам разновидни повици да се бориме, вклучително и едни против други. Не треба да потпаѓаме на тие повици. Ајде да го зачуваме единството на нашиот народ и покрај разликите – а разлики има навистина многу“, изјави патријархот, пренесува RT.
Тој ја потенцираше неопходноста „да се зачува единството“ над сите граници, потсетувајќи дека во сопствениот народ не може да има победоносна војна“.
„Се молам никогаш повеќе никакви граѓански конфликти, никакви провокации, на кои особено би се одѕвала душата на младиот човек, да не го поколебаат единството на нашиот народ. Се молам обединетата повеќенационална Русија да се издига од сила во сила“, заклучи патријархот.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека земјата му придава приоритетно значење на зачувувањето на идентитетот и самобитноста на секој народ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче