Путин во Кремљ откри крст, урнат лично од Ленин

Претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на свеченото откривање во Кремљ на спомен-крстот на местото на смртта во 1905 година на московскиот генерал-губернатор, Великиот кнез Сергеј Александрович, изјави дека не може да има оправдување за политичките убиства.

Како што истакна Путин, „за насилството, убиствата, независно од тоа со какви политички слогани се покриваат, не може да има никакво оправдување“, пренесува „Взгљад“.

Шефот на руската држава изјави дека подигањето на крстот на територијата на Кремљ служи како потсетник за цената која морала да се плати за заемната омраза, разединетоста и непријателството. Рускиот претседател ја истакна неопходноста од зачувување на единството и хармонијата на рускиот народ.

„Само Русија ја имаме. И сите ние, без оглед на тоа до какви различните ставови и позиции се придржуваме, треба да ја чуваме и браниме“, изјави Путин.

Тој потсети дека на смртта на Великиот кнез се гледало како на трагедија на претставниците на сите класи. Спомен-крстот, подигнат на местото на злосторството, стана симбол на тагата, додаде тој.

Споменикот на Великиот кнез во московскиот Кремљ беше осветена на местото на убиството на членот на царското семејство на 2 април 1908 година. 10 години подоцна, на 1 мај  1918, крстот беше урнат со непосредно учество на Владимир Ленин.

Реставрацијата на крстот беше спроведена од страна на Руското воено-историско друштво и Фондот за помош на заживувањето на традицијата на милосрдието и добротворноста „Елисаветинско-Сергиевско просветно друштво“ по налог на шефот на руската држава.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња