Шефовите на дипломатиите на Русија и на САД Сергеј Лавров и Рекс Тилерсон. 12 април 2017, Москва Русија.
Flickr / МНР на РусијаДржавниот секретар на САД Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров разговараа телефонски за начините за деескалација на ситуацијата во Сирија, соопшти во петокот Стејт департментот.
„Државниот секретар и министерот (Тилерсон и Лавров) дискутираа телефонски за напорите за деескалација на конфликтот што трае во Сирија“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Исто така се истакнува дека „државниот секретар смета на идни средби со шефот на МНР на РФ за разгледување на улогата на САД и Русија во деескалацијата на конфликтот и поддршката на преговорите во Женева за изнаоѓање политичко решение“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче