Чеченски спецназ заминува за Сирија

Војниците на двата баталјони на посебна намена „Исток“ и „Запад“ на Министерството за одбрана на Русија, стационирани во Чеченската република, ќе заминат за да ја обезбедуваат воздухопловната база Хмејмим, објавија медиумите.

Како што изјавија неколку информирани извори во Министерството за одбрана на Русија, на крајот на ноември  „Исток“ и „Запад“ беа реорганизирани во баталјони на воената полиција (ВП) и подготвени да бидат испратени во Сирија. Војниците добија црвена беретка и ознаки ВП. До крајот на декември воените единици ќе завршат со распоредувањето и ќе пристапат кон обезбедување на руските воени објекти, пренесува „Взгљад“.

Вишиот предавач на Високата школа за економија, ориенталистот Леонид Исаев изјави дека Чеченците се сунитски муслимани, односно со иста вера како и поголемиот дел од населението на Сирија, и тоа треба да ја олесни нивната соработка со локалното население, но поважна е репутацијата на Чеченците, која ќе натера секого да размисли двапати пред да дојде во контакт со нив.

„Современи претстави за Чеченците ги формираа медиумите во 1990-те години“, истакнуваа ориенталистот. „Арапите малку ја познаваат географијата на Русија, но речиси сите знаат за Чеченија и за војната таму. Чеченците имаат имиџ на бестрашни и сурови воини кој силно се потврди во текот на сегашната војна во Сирија. На страната на Асад се бори цел баталјон доброволци од Чеченија“, изјави Исаев. 

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадриов ги демантираше наводите на медиумите:

„Одговорно тврдам дека во Чеченската Република нема никакви баталјони „Исток“ и „Запад“. Во Чеченија, како и во секој друг регион, се распоредени единици на Министерството за одбрана. Во нив служат граѓани од Чеченија и другите субјекти на Федерацијата. Добро е познато дека руските сили не учествуваат во копнена операција во Сирија“, се наведува во соопштението на страницата на Кадиров на „Инстаграм“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња