Фрегатата „Адмирал Есен“ во бродоградилиштето „Јантар“ на Балтикот.
Игор Зарембо/РИА „Новости“Фрегатата „Адмирал Есен”, вооружена со крстосувачките ракети „Калибар“, вплови во Средоземното море во состав на средоземноморската формација на Воената морнарица на Русија.
„Денеска најновата фрегата на Црноморската флота „Адмирал Есен“, која преминува од составот на Балтичката во состав на Црноморската флота, го помина теснецот Гибралтар и пристигна во акваторијата на Средоземното море“, изјави началникот на одделението за информирање на Црноморската флота на Русија Вјачеслав Трухачов, пренесува „Взгљад“.
Покрај „Адмирал Есен“, во состав на групата се наоѓа и фрегатата „Адмирал Григорович“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче