Фрегатата „Адмирал Григорович“ се враќа во Медитеранот

Враќањето на фрегатата „Адмирал Григорович“ на Црноморската флота во Средоземното море воопшто не е поврзано со масовниот ракетен напад на САД врз сирискиот аеродром Шајрат во Хомс, изјави првиот човек на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Виктор Озеров.

„Фрегатата „Адмирал Григорович“ по завршувањето на посетата на турските бродови според планот за борбена обука се врати на 8 април во Средоземното море, каде ќе ја продолжи боевата служба во состав на групата руски бродови до летово“, изјави Озеров, пренесува „Взгљад“.

„Посетата на бродовите на Воената морнарица на Турција од 3-5 април беше планирана уште на почетокот и годината и фрегатата „Адмирал Григорович“ тогаш беше избран за брод-домаќин“, изјави Озеров, потенцирајќи дека враќањето на „Адмирал Григорович“ во Средоземното море не е поврзан со неодамнешниот напад на САД врз Сирија.

Озеров потенцираше дека фрегатата „Адмирал Григорович“ е високоефективен брод кој обезбедува огнена поддршка на сириските вооружени сили во борбата со тероризмот.

Според него, раководството на Сирија „и без враќањето на „Адмирал Григорович“ не се сомневаше во поддршката од страна на Русија“ во борбата со тероризмот.

„Адмирал Григирович“ е вооружен со крстосувачките ракети „Калибар НК“, ракетниот систем за самоодбрана „Штиљ 1“, артилериски систем А-190 калибар 100 мм, противвоздушна артилерија, торпеда, а исто така може да носи и хеликоптер Ка-27 (или Ка-31).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња