Македонија ја слави 72-годишнината од Победата во Втората светска војна

Покана за прослава на Денот на Победата во Македонија. 05 мај 2017, Македонија.

Покана за прослава на Денот на Победата во Македонија. 05 мај 2017, Македонија.

Од 6-9 мај, во организација на амбасадата на Руската Федерација во Македонија, во неколку македонски градови ќе се одржат свечености по повод одбележувањето на 72-годишнината во победата во Втората светска војна.

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и годинава организира свечености по повод одбележувањето на победата на антихитлеровската коалиција во Втората светска војна.

Манифестациите започнуваат утре, 6 мај, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со традиционалниот марш „Бесмртниот полк“ и со истакнување „Ѕид на сеќавањето“ на кој ќе бидат изложени портрети на учесници во антифашистичкото движење.

На 7 мај, на Широк Сокак во Битола, ќе се одржи концерт „Еден ден на војната“, на кој ќе бидат изведени традиционални македонски борбени песни и композиции.

На 8 мај во Прилеп ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на непобедените, додека на 9 мај ќе биде положено цвеќе пред споменикот на загинатите партизани на браната „Матка“.

На 9 мај, исто така во Скопје, во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена ревија на руски воени филмови со прикажувањето на последниот руски филм на тематика поврзана со Големата Татковинска војна - „28 Панфиловци“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња