Македонија се приклучува на акцијата „Георгиевска лентичка“

Годинава акцијата „Георгиевска лентичка“ првпат ќе се спроведе во Авганистан, Македонија и Црна Гора, изјави на прес-конференција заменик-раководителот на „Россотрудничество“ Александар Радков.

„Оваа година првпат акцијата „Георгиевска лентичка“ ќе се одржи во претставништвата на „Россотрудничество“ во Авганистан, Македонија и Црна Гора. Во Европа најмасовните акции ќе се одржат во Србија, Бугарија, Германија, Италија, Словачка и Грција. Во Азија традиционално голем интерес пројавуваат Виетнам, Јордан, Либан, Турција, Израел, Индија и Кина“, изјави Радков.

Според него, масовни акции „Георгиевска лентичка“ традиционално ќе се одржат во САД – во Вашингтон и Њујорк.  На акцијата се приклучи и Канада. Исто така, манифестации ќе има во Аргентина, Бразил, Никарагва и Куба.

Како што истакна тој, „годинава испративме во странство повеќе од сто илјади комплети георгиевски лентички. Акцијата „Гергиевска лентичка“ станува сѐ помасовна и популарна. Од Никарагва до Индонезија добиваме вести од нашите странски претставништва за недостиг од георгиевски лентички и барања да им испратиме повеќе“, раскажа Радков. Тој исто така потенцира дека денес георгиевската лентичка е симбол на борбата не само против фашизмот, туку и со појавите на секаков вид екстремизам во целина.

„Георгиевската лентичка е симбол на доброто и светлината“, заклучи Радков.

Во понеделникот, 24 април, генералниот директор на МИА „Русија денес“ (МИА "Россия сегодня") Дмитриј Кисељов го означи почетокот на Серуската акција „Георгиевска лентичка“, посветена на годишнината од Победата во Втората светска војна, пренесува РИА „Новости“.

Првата акција „Георгиевска лентичка“ се одржа во 2005 година и врзувањето лентичка пред 9 мај се претвори во традиција.

Историски тоа е лента на ордените на Св. Ѓорѓи и „Георгиевскиот медал“, лента на војничкиот „Орден на славата“ и медалот „За победа над Германија“.

Утврден од царицата Екатерина Велика, орденот „Св. Ѓорѓи“ се доделувал на истакнати руски војсководци - Суворов, Кутузов, Барклај де Толи, Жуков, Рокосовски и Малиновски, на илјадници херои од Татковинската војна 1812 година и Првата светска војна. Од 1942 година Георгиевската лента е знак на гардиските единици на флотата, а во 1943 година Георгиевските бои станаа бои на војничкиот орден на Славата – награда за лична храброст,кој го добија повеќе милиони војници.

Во Скопје „Георгиевската лентичка“ ќе се дели во Градскиот парк, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и пред хотелот „Руссиа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња