„Гаспром“ почнува со поставување на цевководот за „Турски тек“

Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер го извести претседателот на РФ Владимир Путин дека „Гаспром“ веќе ги завршил сите подготвителни работи за изградба на „Турски тек“.

„Гаспром“ е подготвен да почне со поставување на цевките на морската делница на „Турски тек“ наредниве неколку дена, му соопшти првиот човек на компанијата Алексеј Милер на претседателот на Русија Владимир Путин. 

„Ве информирам за подготвеноста за неколку дена да почнеме со поставување на поморската делница на гасоводот „Турски тек“, изјави Милер во текот на работниот состанок.

Милер го извести шефот на руската држава дека „Гаспром“ веќе ги завршил сите подготвителни работи за овој проект и очекува наредба за почетокот на поставувањето на цевководот на морската делница.

Путин изрази увереност дека Турција ќе го поддржува проектот. „Треба да се почне со работа“, наложи претседателот, наредувајќи да се почне со поставување на цевките на поморската делница на „Турски тек“, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња