Путин имаше телефонски разговор со Трамп

Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп одржаа телефонски разговор, соопшти Кремљ.

Кремљ соопштува дека страните разгледале низа актуелни прашања од билатералната соработка на меѓународната сцена. „Акцентот беше ставен на перспективата на координацијата на дејствијата на Русија и САД во борбата со меѓународниот тероризам во контекст на сириската криза“, се истакнува на сајтот на Кремљ.

Договорено е да се активизира дијалогот меѓу шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за барање варијанти кои би можеле „да го зацврстат режимот на прекин на борбените дејствија, да му дадат стабилност и контролираност“. Како цел е наведена создавањето предуслови за „започнување на реален процес на регулирање“ во земјата. Шефовите на дипломатиите оперативно ќе ги информираат лидерите на двете земји за постигнатиот напредок.

Исто така „детално е дискутирана опасната ситуација“ околу Корејскиот полуостров. Во тој дел на разговорот Путин го повика колегата на воздржаност и намалување на нивото на затегнатост. Исто така, постигнат е и договор за воспоставување заедничка работа, ориентирана кон „дипломатски разврски за комплексно регулирање на проблемот“.

Освен тоа, дискутирани се и идните контакти на лидерите на Русија и САД. Путин и Трамп се договорија за продолжување на телефонските контакти, а исто така се изјаснија и за организација на меѓусебна средба во рамките на самитот на Г-20 на 7-8 јули во Хамбург.

Се истакнува деловниот и конструктивен карактер на разговорот.

Од своја страна, Белата куќа го нарече одржаниот разговор како „многу добар“. Како што соопшти американската страна, биле дискутирани „зоните на деескалација“ во Сирија, заедничката работа за „искоренување на тероризмот на целиот Блиски Исток“ и „многу опасната ситуација околу Северна Кореја“, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња