Тајмс: Британските спецслужби ќе ги заштитат изборите од мешањето на Русија

Западните експерти се убедени дека Москва би можела да влијае на резултатите од гласањето за да може повторно нејзиниот кандидат да победи на изборите, пишува „Тајмс“.

Специјалните служби на Велика Британија во понеделникот беа „ставени во состојба на зголемена борбена готовност“ за да не пропуштат „обид на Русија или други непријателски држави да применат црна пропаганда и сајбер-напади со цел мешање“, во текот на вонредните парламентарни избори кои претходно беа најавени, пишува „Тајмс“. Според информациите на весникот, „во британската влада фрчеа мејлови“ кои треба да „гарантираат дека владините ресори се подготвени да ѝ се спротивстават на заканата“.

Како што во интервјуто за весникот соопшти извор во британската влада, се претпоставува дека со цел обезбедување на „безбедноста на изборите“ заедно ќе работат Центарот за врски во владата, Националниот центар за информациона безбедност и секретаријатот на кабинетот на министри. Чиновникот истакна дека нивна главна задача ќе биде да не дозволат „да се случи овде она што се случи во Америка“, очигледно мислејќи на „кампањата за дезинформирање“ која беше спроведена минатата година во текот на претседателската трка во САД и која, како што тврда ЦИА и ФБИ, е иницирана од Русија, пишува авторот на текстот.

Иако рускиот претседател Владимир Путин одрекува дека Русија има некаква врска со ваквата кампања, Москва исто така беше обвинета дека се обидува да ги „разниша темелите на европските демократски земји“, поддржувајќи ги „ултрадесничарските и ултралевичарските партии кои се против ЕУ и НАТО“, истакнува новинарот на британскиот весник. Како што во интервјуто изјави соработникот на американскиот аналитички центар „Атлантски совет” Бен Нимо, во Велика Британија ваквите „методи“ би можеле да се искористат за да му се даде поддршка на  Џереми Корбин, „чија желба да ја лиши Британија од статусот на нуклеарна држава ја поздрави Кремљ“, пренесува RT.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња