Олбрајт: Важно е да им се каже на Русите што е прифатливо, а што не

Во интервју за Си-Ен-Ен поранешниот државен секретар на САД Медлин Олбрајт истакна дека е многу важно да се имаат со Русија односи кои функционираат, за да може да ѝ се каже што е прифатливо, а што не.

Односите меѓу Русија и САД ја достигнаа најниската точка и тоа е жално, смета Медлин Олбрајт. Во интервју за Си-Ен-Ен таа истакна дека е многу важно да се имаат со Русија односи кои функционираат, да може да ѝ се кажува што е прифатливо, а што не, и дека со таа цел можат да бидат корисни телефонските разговори меѓу лидерите на земјите.

„Однесувањето на Русија во Сирија предизвикува сериозна загриженост, затоа што тие го поддржуваат Асад и она што тој го прави, применувајќи хемиско оружје и „експлозивни буриња“ против својот сопствен народ“, изјави Олбрајт, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, пренесува RT.  

„Навистина сметам дека со Русија треба да се имаат односи кои функционираат, треба да им се каже што е прифатливо, а што не. Затоа мислам дека телефонските разговори се добра работа. Се надевам дека се навистина отворени и на полето на тоа како да постигнеме политичко решение за ситуацијата во Сирија, и на полето на тоа како Русите се однесуваат и мешаат во изборите не само во САД, туку и во Европа“, изјави Медлин Олбрајт. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.