Рускиот ловец Т-50 го „научија“ да уништува бродови, пишува весникот „Известија“.
Во состав на вооружувањето на ловецот од последна генерација е вклучен најновата тактичка ракета Х-35УЕ. Таа е способна да уништува секакви морски цели – од десантен чамец до носач на авиони, како и копнени објекти: фортификациски објекти и воена техника.
За ракетата не претставуваат проблем противракетните системи и радиоелектронските пречки.
Според мислењето на експертите, Х-35УЕ ќе го направи Т-50 не само ловец, туку мултифункционално борбено летало.
Т-50 (проект ПАК ФА) е руски авион од петта генерација кој треба да го замени Су-27. Опремен е со нов авијациско-електронски систем и перспективна радарска станица со фазна антенска решетка. Се планира руската воена авијација до 2020 година да добие 55 такви ловци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче