Железњак: Треба да се спречи опасноста од распад на Македонија

https://er.ru/
Пратеникот во Државната Дума на РФ Сергеј Железњак смета дека протестите во Македонија ја демонстрираат штетноста на политиката на протекционизам и грубото мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на САД, НАТО и ЕУ.

Протестите во Македонија, кои завршија со тоа што вознемирените претставници на коалицијата „За подобра Македонија“ влегоа во зградата на парламентот, со сета очигледност ја демонстрираат штетноста на политиката на протекционизам, менторство и грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и другите балкански земји, кои ги спроведуваат САД, НАТО и ЕУ во тој регион. Такво мислење изрази заменик-секретарот на Генералниот совет на „Единствена Русија“, член на комитетот на Државната Дума за меѓународни работи Сергеј Железњак.

Според мислењето на пратеникот, назначувајќи свои протежеа, наметнувајќи ја таканаречената „Тиранска платформа“ и другите апсолутно туѓи за народот на Македонија елементи на проектот „Голема Албанија“, САД, НАТО и ЕУ неодговорно ја отвораат „Пандорината кутија“.

„Имено овие западни сили ја сносат одговорноста за насилството, во кое страдаат нивните сопствени сателити и опоненти, а заложник на тие провокативни геополитички проекти е народот на Македонија, суверенитетот и територијалниот интегритет на македонската држава“,  потенцира Железњак.

Според зборовите на парламентарецот, воведувањето вонредна состојба во земјата од страна на легално избраниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов ќе биде изнудена и неопходна мерка, насочена кон запирање на понатамошна ескалација на насилството и спречување на опасноста од распад на Македонија и заштита на националните интереси на Македонците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња