МНР на РФ:Неприфатливи се изјавите за прекројување на границите на Балканот

Министерството за надворешни работи на Русија се јави со коментар на неодамнешните изјави на различни албански политичари во однос на прекројувањето на границите на Балканот.

Министерството за надворешни работи на Русија реагира на изјавите на некои албански политичари за територијални претензии и прекројување на границите на Балканот.

„Сметаме дека под маската на неоснованите обвинувања дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Југоисточна Европа се преземаат мерки за реализација на големоалбанскиот проект - сега врз основа на уставот на Албанија, кој ѝ дава на Тирана право да ги штити интересите на Албанците во странство. Под маската на лицемерни разговори за стабилизација во регионот под „чадорот“ на НАТО се случува поткопување на темелите на стабилноста, заземен е курс кон прекројување на балканските граници кој драматично го зголемува степенот на потенцијалот за конфликт.

Токму на тој начин ги сметаме изјавите на премиерот на Албанија Е. Рама и на „шефот“ на еднострано прогласеното за независно Косово Х. Тачи за подготвеноста да се обединат во една големоалбанска држава. Со нив се согласува и раководителот јужната јужна српска општина населена со Албанци Прешево Ј. Муслиу, кој изјави желба на таа територијата да влезе во состав на таквата творба. Во истиот контекст е фамозната „Тиранска платформа“ на албанските етнички партии во Македонија, која води кон поткопување на нејзината државност“.

МНР на РФ вели дека „главните покровители на Тирана и Приштина - САД и ЕУ – или срамежливо премолчуваат или се оградуваат со општи фрази кои ништо не значат“. Москва се согласува со осудите од страна на српскиот премиер Вучиќ и шефот на српската дипломатија Дачиќ на реториката на албанските политичари и барањето соодветна реакција на она што се случува од Брисел, Вашингтон и клучните европски метрополи.

„Сметаме дека е неопходно меѓународната заедница консолидирано да им укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански земји на неприфатливоста на промовирањето територијални претензии и дискусиите за прекројување на границите во регионот“.

Москва апелира до западните партнери да се раководат „според меѓународното право и здравиот разум, а не според вообичаените шеми на двојни стандарди“ се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња