ФСБ: Во светот се формира нова терористичка мрежа

Екстремистичките организации „Исламска држава и „Џебхат ан-Нусра“ ја сменија тактиката и во моментов се создава нова глобална терористичка мрежа, изјави директорот на Федералната служба за безбедност на Русија Александар Бортников.

„Лидерите на најголемите меѓународни терористички групи, како што се забранетата во Русија ИДИЛ, „Џебхат ан-Нусра“, остатоците од претходно постоечките структури слични на „Ал Каеда“, почнаа да ја менуваат својата тактика“, изјави Бортников на отворањето на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува „Взгљад“.

Тој истакна дека причината за спојувањето на екстремистичките групи е опасноста од нивно уништување „во зоните на нивната претходна доминација“. Според последните информации, тие го „активираа префрлувањето во Авганистан, Јемен и во внатрешноста на африканскиот континент“ со цел создавање на бази за бунтовниците.

„Пристигаат информации за преговори на ИДИЛ со други терористички групи за обединување“, додаде Бортников.

„Фактички се работи за формирање на нова масовна терористичка мрежа“, резимираше шефот на ФСБ.

Притоа, според него, дури и одделните екстремистички групи имаат доволно ресурси „за продолжување на криминалната активност“.

Претходно во поздравното писмо до учесниците на конференцијата претседателот на Русија Владимир Путин потенцираше дека борбата против тероризмот на Блискиот Исток и во Северна Африка бара консолидирани пристапи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња