„Ал Каеда“ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Петергбург

Терористичка група поврзана со „Ал Каеда“ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург.

Малку познатата група „Баталјон на Имамот Шамил“ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург, пренесува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на организацијата SITE Intelligence Group, која ги следи интернет-активностите на радикалните групи.

Се исткнува дека оригинален извор на информацијата е мавританска информативна агенција, која често ја користат џихадистите од Западна и Северна Африка за објавување на нивните соопштенија.

Како што соопштува агенцијата, бомбашот-самоубиец Акбарџон Џалилов дејствувал по наредба на лидерот на терористичката организација „Ал Каеда“ Ајман ал-Завахири, со која е поврзан „Баталјонот на имамот Шамил“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња