„Авионите на Путин без срам го шпионираат НАТО во Словенија и Хрватска“

Руски шпионски авион од денес до сабота ќе реализира „набљудувачки летови“ над Хрватска и Словенија – членки на НАТО, пренесува „Дејли Стар“. За „бесрамните летови“ соопшти раководителот на Центарот за намалување на нуклеарната опасност на Русија Сергеј Рижков

Москва во повеќе наврати ја проверуваше воздушната одбрана на НАТО. Ловците на НАТО итно беа испратени четири пати за четири денови поради летовите на руските бомбардери над Алјаска мината недела.

Ловците на Кралското воено воздухопловство на Велика Британија последнава година повеќе пати беа испратени да пресретнат руски воени авиони кои ја надлетуваа територијата на Велика Британија.

Минатата есен авионите на Путин беа следени од воздухоплови на НАТО од четири земји. „Изненадувачки, но НАТО е немоќно да ги запре тие летови, што им дозволува на руските воени експерти да состават план за нашата одбрана“, пишува „Дејли Стар“.

Во 1992 година со поранешните советски лидери беше склучен договор според кој се дозволуваат летови согласно Договорот за отворено небо. „Во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо Руската Федерација планира да реализира континуирани набљудувачки летови со руски авион Ан-30Б над териториите на Словенија и Хрватска“, изјави Рижков.

На рускиот авион Ан-30Б ќе му биде дозволено да полетува од аеродромите во околината на Љубљана и Загреб. „Француските набљудувачи во авионот ќе внимаваат Русите да не ги свртат сите околу малиот прст“, пренесува британското издание.

„Се претпоставуваше дека Договорот за отворено небо, кој стапи во сила во 2002 година, ќе создаде доверба меѓу бившиот СССР и НАТО, терајќи ја секоја страна да ги отвори своите карти за да се избегне апокалиптична нуклеарна војна“, соопштува изданието, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња