Белата куќа: Трамп знае за летовите на руските бомбардери близу Алјаска

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер ги коментираше соопштенијата за руските бомбардери Ту-95 кои веќе четврти ден летаат покрај бреговите на Алјаска.

Според Спајсер, претседателот на САД Доналд Трамп е во тек со овие летови. Притоа портпаролот на Белата куќа истакна дека тоа не е нешто необично.

„Во тек сме со тоа“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали Трамп ја следи ситуацијата со руските бомбардери.

Спајсер додаде дека САД „исто така вршат патролирање во меѓународниот простор“.

„Тоа соодветствува на меѓународните правила“, изјави портпаролот на Белата куќа, пренесува RT.

Претходно Си-Ен-Ен соопшти дека руски бомбардери Ту-95 повторно биле забележани во близина на Алјаска.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.