МНР на Русија го коментираше инцидентот со ОБСЕ во Донбас

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на инцидентот во Донбас, во кој загина еден припадник на ОБСЕ.

Руското МНР го нарече цинична акција инцидентот со автомобилот на специјалната мисија за мониторинг на ОБСЕ во Донбас, се вели во изјавата, објавена на сајтот на МНР на РФ.

„Околностите за настанот укажуваат на висока веројатност за провокација, насочена кон поткопување на процесот за регулирање на конфликтот во Донбас“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“. „Длабоко сме изненадени од оваа цинична акција која резултираше со загинување на човек и насочена против меѓународните набљудувачи кои работат во име на воспоставување на мирот. Повикуваме да се спроведе детална и објективна истрага и да се повикаат виновниците на одговорност“.

Москва ги повика сите страни во конфликтот на директен дијалог заради воспоставување на мир во регионот.

Инцидентот во Луганската област се случи во неделата, 23 април, на подрачјето на селото Пришиб, кое од 2014 година е под контрола на бунтовниците. Според информациите на Народната милиција на самопрогласената ЛНР, едно од возилата кое било во состав на патролата на СММ на ОБСЕ, наишло на нагазна мина на патот од Славјаносербск кон Сокољники. Притоа се истакнува дека возилата се движеле по маршрута која не е дозволена според важечкиот мандат.

Како резултат на експлозијата загина еден припадник на мисијата. Според едни информации, тој е државјанин на САД, според информациите на Киев – тој е државјанин на Велика Британија. Покрај тоа, уште двајца набљудувачи се ранети и однесени во болница. Една од ранетите е државјанка на Германија, што веќе е потврдено од Берлин.

Според официјалната верзија на безбедносните структури на ЛНР, минирањето е организирано од украинска диверзантско-разузнавачка група.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња