Кремљ не го интересираат предвремените парламентарни избори во Британија

Предвремените парламентарни избори во Велика Британија не се работа на Кремљ, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

Изјавата за предвремени парламенти избори во Велика Британија не предизвика посебен интерес во Кремљ, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Не, нема некаков посебен интерес. Обично, да кажеме, следење на меѓународната ситуација. Тоа не е наша работа“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали постои интерес во Кремљ за предвремените парламентарни избори.

Претходно премиерот на Велика Британија Тереза Меј објави дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори по кои ќе биде формирана нова влада. Таква одлука Меј донесе по објавувањето на резултатите од анкетите според кои владејачката конзервативна партија го зголемила рејтингот на популарноста, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња