Порошенко ја спореди Русија со крокодил

Украинскиот претседател го изјави ова во Лондон на своето предавање на тема „Битката за Украина: лидерство и солидарност против агресија” во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатем Хаус”.

Претседателот на Украина Петро Порошенко на 19 април во своето обраќање во Лондон ја спореди Русија со крокодил.

„Во јануари 1942 година Черчил рече: „Секој се надева дека, ако доволно го нахрани крокодилот, ќе биде изеден по другите“. Овие зборови се особено актуелни во Украина, а тој крокодил што многумина би сакале да го нахранат за да не ги изеде, тоа е Русија“, рече Порошенко, пренесува порталот „Шариј.нет“.

Тој е убеден дека Русија „нема да се засити“, дека Москва не верува во демократијата и човековите права, дека не игра според правилата и дека ја негува идејата за доминација над светот или за сфери на влијание.

Порошенко исто така изјави дека Украина ги запрела руските тенкови на патот кон Европа.

„Доколку ги немаше санкциите и ја немаше Украина, руските тенкови сега ќе стоеја во центарот на Европа. Путин ја запре својата офанзива поради санкциите и борбата на Украинците. Агресорот знае дека ќе биде повикан на одговорност“, изјави шефот на украинската дражва.

„Денеска е многу важен ден: Меѓународниот суд на ОН ќе ја објави прелиминардната одлука во врска со првата тужба на Украина против Русија. Ве молам, запаметете го овој ден не само благодарение на изборите во Велија Британија. Бидете силни, бидете обединети и поддржете ја Украина“, додаде Порошенко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња