Терористички напад во близина на руската дипломатска мисија во Берлин, судејќи според сѐ, бил спречен „во последните секунди“, пишува весникот „Билт ам Зонтаг“, без да го наведува изворот на оваа информација.
РИА „Новости“ не располага со коментари на руските и германските власти.
Според информациите на весникот, осомничениот е државјанин на Мароко, кого „Билт“ го нарекува Мохамед Х. – дискутирал за планираниот напад на социјалните мрежи. На интернет комуницирал под неколку псевдоними.
Мароканецот планирал минатата сабота да се вмеша меѓу учесниците на демонстрациите кои се одржуваа пред амбасадата и да го изврши нападот, пишува весникот. Минатиот петок германските специјални служби ги информираа за планираниот напад надлежните органи во земјата.
Во петокот вечерта, неколку часа пред почетокот на демонстрациите, специјалните сили го привеле осомничениот во логор за бегалци во саксонската општина Борсдорф недалеку од Лајпциг. Според информациите на „Билд ам Зонтаг“, во моментов полицијата го проверува неговиот мобилен телефон и смета дека ќе најде докази за плановите да го изврши злосторството.
Претходно аташето за медиуми на амбасадата на РФ Денис Микер изјави за РИА „Новости“ дека амбасадата во Берлин внимателно го следи случајот со 24-годишниот Мароканец, осомничен за планирање на подготовка на терористички напад кај руската дипломатска мисија.
Од обвинителството на Дрезден потврдија дека приведениот е осомничен за подготовка на терористички напад кај руската амбасада во Берлин и дека истиот е приведен минатиот викенд во Лајпциг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче