Во Русија спречени 16 терористички напади во 2016 година

ФСБ добива голем обем на оперативни информации кои сведочат за тоа дека лидерите на активните на Блискиот Исток терористички групи од редовите на таканаречената „Исламска држава“ планираат да извршат терористички напади во различни региони во светот, вклучувајќи ја и Руската Федерација, изјави во вторникот претседателот на Националниот антитерористички комитет на РФ (НАК), директор на ФСБ Александар Бортников.

Пример за тоа, според Бортников, се веќе извршените терористички напади во Велика Британија, Шведска, Египет и Русија.

Истовремено руските специјални служби успеале во 2016 година да спречат 16 терористички напади кои требало да бидат извршени од државјани на ЗНД. Според податоците на ФСБ, успешно се спречени терористички напади во Москва, Санкт Петербург, Краснојарск, Екатеринбург, Тула, Уфа, Сочи, Новосибирск и Нижни Новгород. Вкупно се ликвидирани 46 ќелии на меѓународни терористички организации.

Шефот на ФСБ истакна дека во моментов основниот костур на терористичките групи во РФ почнале да го сочинуваат работници-мигранти од државите на ЗНД. „Дел од нив поминаа обука и учествуваа во борбените дејствија во Сирија и Ирак. А по пристигнувањето во нашата земја започнаа активна работа на врбување во мигрантската средина, регрутирајќи извршители на терористички напади во руските региони“, објасни Бортников.

Говорејќи за терористичкиот напад во петербуршкото метро, директорот на ФСБ изјави дека осуммината приведени во врска со овој напад се членови на конспиративни ќелии. Сите тие се доселеници од Централна Азија и кај нив е пронајдено и одземено големо количество оружје и муниција.

„Во моментов се трага по организаторите и можните помошници на терористите“, потенцираше директорот на ФСБ, пренесува „Росијскаја газета“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња