Руски амбасадор: Северна Кореја може наскоро да тестира ракета

Амбасадорот на Русија во Северна Кореја Александар Мацегора изрази мислење дека во текот на претстојните национални празници на 15 и 25 април веројатноста за тестирање на ракети во Северна Кореја е мошне висока.

„Можно е речиси со сигурност да се каже дека Корејците се подготвуваат да демонстрираат некакви свои достигнувања во сферата на ракетната техника. Многу е веројатно дека тие ќе се потрудат да го сторат тоа за празникот“, изјави рускиот дипломат во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува „Взгљад“.

Мацегора потсети дека на 15 април Северна Кореја го празнува Денот на Сонцето, а на 25 април 85-годишнината од денот на основањето на Корејската народна армија.

Притоа амбасадорот смета дека Северна Кореја не гледа техничка потреба од тестирање нуклеарни ракети, затоа што, како што беше соопштено, Пјонгјанг ја завршил работата над  својата нуклеарна програма, затоа што во републиката се извршија тестирања на нуклеарна боева глава.

Во саботата вицемаршалот на армијата на Северна Кореја и член на Националниот совет за одбрана Че Рен Хи изјави на парадата во чест на 105 години од раѓањето на Ким Ил Сунг дека Пјонгјанг е подготвен да им одговори на САД со нуклеарен напад.

На парадата во Пјонгјанг беа првпат покажани севернокорејските балистички ракети за подморници. Парадата во западните медиуми беше наречена како „демонстрација на сила“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња