Кремљ со коментар за изјавата на Макрон дека не сака да зближување со РФ

Кремљ смета дека политичкиот естаблишмент на Франција ќе ја сфати неопходноста од изградба на дијалог со Русија, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон дека не сака зближување со Русија.

„Сметаме дека на еден или друг начин во политичкиот естаблишмент на Франција сепак постои консензус дека за решавање на постојните проблеми изградбата на дијалогот со Москва е апсолутен поим кој нема алтернатива“, изјави Песков, пренесува RT.

Тој потенцираше дека зближувањето со Москва за ниту една земја не значело поткопување на темелите на независноста и суверенитетот, затоа што во изградбата на билатералните односи Русија секогаш се залага за почитување на заемните интереси.

Претходно во текот на првата предизборна дебата во Франција Емануел Макрон изјави дека земјата не треба да бара зближување во односите со Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња