Тилерсон не гледа причина за руски одговор на ракетниот напад врз Сирија

Шефот на Стејт департментот Рекс Тилерсон изјави дека не гледа основа за возвратни мерки на Русија во врска со ракетниот напад на САД врз сириската воздухопловна база.

Според зборовите на Тилерсон во интервју за Си-Би-Ес, „Русија не беше цел во случајот со овој конкретен удар“.

Тој го нарече американскиот ракетен удар „многу пропорционален и прецизен“ и „внимателно планиран“. Тилерсон го повтори и тврдењето непоткрепено со докази дека Дамаск, наводно, е одговорен за нападот со хемиско оружје во Сирија.

Тој изјави дека главниот приоритет во Сирија за САД е сѐ уште борбата против терористичката организација „Исламска држава“. Според него, откако опасноста што ја претставува ИД ќе ослабне или целосно исчезне, САД „ќе обрнат внимание директно на стабилизација на ситуацијата во Сирија“.

Притоа тој изрази надеж дека Москва „ќе одигра конструктивна улога“ во одржувањето на примирјето во Сирија преку учество во преговорите во Астана и Женева.

Тилерсон изјави дека САД се надеваат дека ќе успеат да го запрат крвопролевањето и ќе ги убедат страните да го решат конфликтот преку преговори. Тој смета дека условите за отпочнување на политичкиот процес за решавање на конфликтот ќе се појават кога ќе биде постигнато примирје „во зоните на стабилност во Сирија“, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.