Лавров и Тилерсон разговараа за ракетниот напад на САД врз Сирија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во врска со американскиот ракетен напад врз воздухопловната база Шајхан во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на својата страница на „Фејсбук“.
 

 

Министерот за надворешни работи на Русија Лавров истакна дека САД со своите дејствија само им одат во прилог на екстремистите, создавајќи „дополнителни закани за регионалната и глобалната безбедност“.

Шефовите на дипломатиите се договорија да продолжат да разговараат за ситуацијата во сириското регулирање при нивната лична средба“, соопшти МНР на Русија.

Лавров ги отфрли обвинувањата на адреса на властите во Сирија за примена на хемиско оружје и повика да се спроведе „детална, непристрасна и професионална“ истрага на инцидентот во провинцијата Идлиб, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња