Песков: Нападите врз базата во Сирија се во интерес на ИД

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги коментираше нападите на САД врз воената база во Сирија.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека нападите на САД врз воената база во Сирија се де факто извршени во интерес на терористичките организации „Исламска држава“ и „Џебхат ан-Нусра“.

„Веќе не знаеме кои беа целите на Вашингтон со донесувањето на одлуката за овие напади. Но несомнен е фактот што ударите се де факто нанесени во интерес на ИДИЛ, „Џебхат ан-Нусра“ и другите терористички организации. Во врска со тоа исто така можеме да изразиме жалење“, изјави Песков.

Тој потенцираше дека основна цел на Русија останува давањето помош на сириските Вооружени сили, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња