Захарова со коментар за „тајната фотографија“ на Путин и Симоњан

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова не можеше да остане без коментар за покажувањето на фотографија на рускиот претседател и главниот уредник на телевизијата RT во американскиот Сенат.

Сенаторката од американската сојузна држава Њу Хемпшир Џин Шахин изјави дека ја нашла фотографијата во таен извештај на американската разузнавачка служба, иако конкретната фотографија, снимена 2015 година, може многу лесно да се најде на интернет.

„Оваа фотографија покажува што всушност се случува со RT“, изјави Шахин. Американскиот народ има право да знае дека во Русија нема слобода на говорот и медиумите за да им се напакости на САД, додаде таа.

„Не е првпат Шахин да демонстрира глупост. Сега ни покажа заедничка „тајна“ фотографија на рускиот претседател Владимир Путин и раководителот на ТВ-каналот RT Маргарита Симоњан, кои се разбира никој не ги видел заедно. Шахин се надмина себеси“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

Таа фотографија може да биде само уште едно сведоштво дека жените во Русија имаат можност да заземаат раководни позиции, истакнува Захарова.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња