Симоњан се обрати со неколку совети до ЦИА

Главниот и одговорен уредник на агенцијата „Спутник“ и на каналот RT Маргарита Симоњан ѝ даде на ЦИА неколку совети за тоа како да се спречи признавањето на нормалноста на Русија.

Статијата на нејзиниот блог доаѓа по невистинитите изјави на западни политичари за Русија и публикациите во западниот печат со обвинувања против руските медиуми за пропаганда, пренесува РИА „Новости“.

„За поголемиот дел од западниот естаблишмент идејата дека Русија е нормална е исто толку незамислива како идејата дека Земјата е квадрат. Човек, кој гласно ќе ја прогласи Русија за нормална е или идиот или провокатор, или и едното и другото. Во печатот, па дури и во изјавите на различни луѓе, секој ден го гледаме тоа декларирање на нашата внатрешна, природна абнормалност која не може да се коригира абнормалност, што се граничи со расизам“,  пишува Симоњан.

Според неа, тоа се случува поради „неинформираност, детско незнаење, немање навика да се работи со факти, поради слабост за готови за употреба формули на светскиот поредок“.

„Естаблишментот води света борба за да го запре Трамп во неговите криминални обиди да ја признае нормалноста на Русија. Можеби тој никогаш нема да се обиде такво нешто, но барем тој изјави за тоа, а тоа е веќе надвор од границите на дозволеното“, додава Симоњан.

Во врска со тоа, таа дава неколку совети на „колективната ЦИА“, меѓу нив - да ги потсети луѓето "„за перфидноста“ на телевизискиот канал RT и новинската агенција „Спутник“.

„Користете пострашна лексика. Не треба да барат информативен повод, народот веќе навикна. Газете пожестоко! Како, на пример, вчера, кога портпаролот на НАТО изјави дека „Спутник“ е пропаганда. И тоа откако Би-Би-Си го пренесе целиот почитуван британски печат. Не по задача, се разбира. Едноставно им се допадна текстот“, потенцира Симоњан.

Претходно, трите водечки британски медиуми - телевизија Би-Би-Си, „Тајмс“ и „Индепендент“ – истовремено објавија статии за работата на агенцијата „Спутник“, обраќајќи се за помош до НАТО и повторувајќи ги веќе повеќе пати изнесените обвинувања за пропаганда, но без да наведат основани  докази.

Симоњан исто така ѝ препорачува на ЦИА да потсетува дека „Русија го има Трамп на јадица“. „Но сепак е подобро некого да треснете. Ама сепак. Зар јас да ве учам“, напиша таа, додавајќи дека таа фраза е употребена во ироничен контекст и не претставува апел до американските служби да убијат некого.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња