Путин: меѓу Русија и Белорусија не останаа спорни прашања

Нема спорни прашања меѓу Русија и Белорусија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин по средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Спорни прашања меѓу Русија и Белорусија за денеска не останаа, изјави претседателот на РФ Владимир Путин по разговорите со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

„За денеска не останаа спорни прашања, ќе се движиме напред, ќе ги јакнеме сојузничките односи во рамките на Сојузната држава и ќе работиме на зајакнување на нормативно-правната база и на развојот на Евроазиската економска унија“, изјави рускиот лидер, пренесува РИА „Новости“.

Путин потенцираше дека сите прашања кои настануваат Русија и Белорусија ги решаваат во текот на практичната заедничка работа.

„Во духот што се формираше меѓу нашите земји веќе долги години по потпишувањето на договорот за основање на Сојузната државата“, изјави тој.

Рускиот претседател потсети дека буквално вчера беше прославено обединувањето на народите на Русија и Белорусија и годинава исто така е 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња