Расмусен: Антируските санкции го направија Путин посилен

Санкциите на Западот против Русија „ненамерно“ го направија Путин уште посилен, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО Андрес фог Расмуссен.

„Не се сомневам дека реално економските санкции против Русија на извесен начин го направија Путин посилен, затоа што елитата во Русија стана уште позависна од Кремљ и од Путин“, изјави тој, говорејќи во институтот „Хадсон“ на конференција на тема „Санкциите на САД против РФ: оцена на нивното влијание и издржаност“.

Расмусен појасни дека сега можностите за надворешно финансирање се многу ограничени.

„Така што ние ненамерно го направивме Путин посилен и ја направивме елитата во Русија уште позависна од Путин и Кремљ. Тоа се последиците. Па сепак, сметам дека санкциите се неопходни“, додаде Расмусен.

Поранешниот генерален секретар на НАТО истакна дека, очигледно, „последиците треба да настапат“. „И ако не сакаме војна со Русија, тогаш што ни останува да сториме освен да воведеме санкции? Ние го сторивме тоа. Сфаќајќи дека тоа може да има негативни последици. Ни сметам дека негативните последици од неактивноста би биле уште полоши“, претпоставува Расмусен, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња