Претседателот на РФ Владимир Путин во обраќањето до Федералното Собрание во Кремљ. 1 декември 2016, Москва, Русија
Михаил Климентиев / ТАССНа 1 декември претседателот Владимир Путин го имаше своето годишно обраќање до Федералното собрание. Обраќањето традиционално го определува векторот на развојот на земјата во блиска перспектива. Годинава поголем дел од времето Путин зборуваше за социјалната политика, а не за надворешната како изминатите години. Лајтмотив на неговото обраќање беше повикот да се стави акцент на економскиот пораст и на помирувачките односи со Западот.
„Ние не бараме ни никогаш не сме барале непријатели, нам ни се потребни пријатели. Нема да допуштиме прекршување на нашите интереси, ќе се развиваме самостојно без совети однадвор. Ние сме расположени за дијалог“.
„Притоа сме отворени за дијалог. Ние сме за безбедност и за можност за развој не за избраните, ами за сите земји и народи. Ние сме за меѓународното право“.
„Подготвени сме за соработка со новата американска администрација врз основа на взаемна полза. Имаме заедничка одговорност за светската безбедност“.
„Годинава почувствувавме сериозен надворешен притисок. Се употребија сите механизми: митот за руска агресија, ги поткачија и нашите спортисти. Следната година во Русија ќе биде готова новата антидопинг програма“.
„Нè прекоруваа за цензура, сега самите го прават истото“.
„Пред две години се судривме со санкции. Но, главната причина за забавувањето на економијата се крие кај нас“.
„Санкциите нема да траат вечно, а и на потрошувачите им е потребна конкурентна опстановка на пазарот, затоа треба да се искористи ситуацијата. <...> Русија не може да си дозволи да го одложува развојот „за подоцна“.
„Сега извозот на земјоделски производи ни дава повеќе, одошто извозот на оружје. Оваа област од економијата ја нарекувавме „црна дупка“, но излезе дека не е така. <...> Во 2015 година продадовме земјоделски производи за 16.2 милијарди американски долари, оваа година сумата ќе биде поголема“.
„Еден од главните проблеми е порастот на протекционизмот. Треба посилно да се бориме за пристап кон странските пазари“.
Путин побара да се разработи акциски план „чија реализација ќе овозможи во 2019-2020 година“ да се претекне сиот свет според порастот на БДП.
„Во 2014 година донесовме одлука за фиксирање на даночните услови за бизнисот за 4 години. И тоа позитивно влијаеше на работата на претпријатијата“.
„Бројот на проверките на бизнисот треба да се намали, а нивниот квалитет да се зголеми. <...> Јавно ќе се знае кој, кого и кога проверува“.
„Секој што чесно ќе работи во својот бизнис, треба да почувствува дека државата и општеството се на негова страна. Неправедно е сето она што ги ограничува можностите и што ги нарушува човековите права“.
Претседателот подвлече дека апсолутното мнозинство од државната администрација се чесни и морални луѓе кои работат за доброто на земјата.
„Должноста и поранешните заслуги не можат да бидат оправдување. Сепак до одлуката на судот никој не може да носи пресуда за виновноста или за невиноста на човек“.
„Сакам да потсетам дека борбата со корупцијата не е шоу, таа бара професионализам. <...> Кај нас, за жал, стана практика да се крева информациска врева околу познатите случаи, а неретко грешат и претставниците на истрагата и спроведувачите на законот“.
„Доколку некој се смета себеси за понапреден, поинтелигентен – со почит однесувајте се кон другите луѓе. Сметам дека е неприфатлива обратна агресивна реакција на прашањата <...> кои предизвикуваат дискусија во општеството. Во културата, во политиката, во медиумите, во полемиките за прашањата поврзани со економијата никој не може да забрани отворено искажување на својата позиција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче