Организаторите на „Евровизија“ ѝ се заканија на Украина со исклучување

Ако ситуацијата околу Самојлова не се реши наредниве недели, Европската радиодифузна унија (EBU) ќе биде принудена да примени крајни мерки, сѐ до исклучување на Украина од натпреварување, изјави генералната директорка на EBU Ингрид Делтерне.

Генералната директорка на Европската радиодифузна унија (EBU) Ингрид Делтерне изјави дека Украина би можела да биде исклучена од „Евровизија“ доколку Киев не ѝ дозволи на Јулија Самојлова да учествува во натпреварувањето, соопшти весникот „Блик“.

„Однесувањето на Украина е неприфатливо“, изјави Делтерне. „Жал ми е што натпреварувањето се користи за политички цели“.

Делтерне додаде дека, доколку ситуацијата околу Самојлова не се реши во текот на наредниве недели, Европската радиодифузна унија ќе биде принудена да примени крајни мерки, сѐ до исклучување на Украина од натпреварувањето, пренесува „Рамблер“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња