Медиум: Борис Џонсон ќе разговара со Трамп за својата посета на Москва

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон ќе ги посети САД каде ќе бара Трамп да заземе поцврст став спрема Русија.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон во текот на патувањето во САД ќе разговара со американските власти за неговата претстојна посета на Русија, соопштува „Сандеј Тајмс“.

Според информациите на изданието, целта на посетата на Џонсон на САД е подобрување на односите со администрацијата на Доналд Трамп по обвинувањата дека британските служби го прислушувале американскиот претседател.

Исто така се истакнува дека Џонсон ќе побара Вашингтон да заземе поцврст став во однос на Москва.

Претходно тој изјави дека властите на Велика Британија имаа доволно докази дека Русија е „способна“ за сајбер-напади, насочени кон поткопување на демократските процеси, пишува „Газета.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња