Џонсон: Лондон нема докази за руска вмешаност во хакерски напади

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон смета дека Русија има можности да врши такви напади.

„Ние немаме докази дека во моментот Русија прави обиди да го поткопа нашиот демократски процес. Реално немаме докази“, изјави тој, пренесува ТАСС.

Притоа Џонсон изрази мислење дека Русија има можности да ги реализира такви напади. „Имаме доволно потврди дека Русите се способни за тоа“, рече британскиот дипломат.

Зборувајќи за билатералните односи меѓу Русија и Велика Британија, Џонсон изрази жалење поради фактот што поранешното „пријателство меѓу земјите не може да продолжи“. „Моето лично чувство е длабоко, длабоко жалење. Ако се сеќавате на настаните пред околу 10 години, кога станав градоначалник на Лондон, ние минувавме низ мошне добра етапа на нашите односи со Русија. Имавме огромни влезни инвестиции, навикнавме на руските фестивали на „Трафалгар Сквер“, нѐ радуваше пријателството и партнерството помеѓу Велика Британија и РФ“, изјави министерот.

„Во оваа смисла, потребен ни е двоен пристап. Како што претходно изјави премиерот (Тереза ​​Меј), ние треба да соработуваме, но да бидеме претпазливи“, го сумираше понатамошниот план на односите меѓу Москва и Лондон британскиот политичар.

Се очекува Џонсон наредниве недели да ја посети Москва на покана на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Разговорите ќе се фокусираат на руско-британските односи и на низа актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи ги и Сирија и Украина, за кои меѓу земјите остануваат значителните разлики, изјави претходно портпаролот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња