САД поднесоа обвиненија против четворица Руси за хакирање на „Јаху“

Министерството за правда на САД поднесе обвиненија против четворица Руси, осомничени за хакирање на профили на сајтот „Јаху“.

Станува збор за хакерите Алексеј Белан и Карим Баратов по кои трага ФБИ, како и за припадниците на ФСБ  Дмитриј Докучаев и Егор Сушчин. Според зборовите на претставниците на обвинителството, хакерите наводно се занимавале со хакирање на компании и добивале пристап до доверливи информации за граѓани за САД и Русија. Фигурантите се осомничени меѓу другото и за хакирање на поштенскиот сервис на „Јаху“, пренесува „Лента.ру“.

Според информациите на ФБИ, Баратов, кој поседува канадски пасош, е веќе уапсен во Торонто.

Во понеделникот весникот „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на информирани извори соопшти дека „најбараниот хакер на светот“ Евгениј Богачов е можно да е поврзан со руските специјални служби. По Богачов и Белан има потерница во САД од крајот на 2016 година.

Во септември 2016 година раководството на „Јаху“соопшти дека во 2014 година биле хакирани 500 милиони профили. Хакерите добиле податоци за имињата на корисниците, адресите на нивната електронска пошта и лозинките. Во декември се покажа дека реално настрадале над една милијарда корисници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња