МНР РФ со коментар за заострувањето на ситуацијата во Македонија

Зградата на МНР РФ
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави денеска коментар за ситуацијата во Република Македонија.

Коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија го пренесуваме во целост:

„Со загриженост констатираме дека политичката криза во Македонија, испровоцирана со грубо мешање однадвор во внатрешните работи на оваа земја, се продлабочува. На Македонците со активна помош на раководителите на ЕУ и НАТО се обидуваат да им наметнат „албанска платформа“, составена во Тирана во кабинетот на премиерот под картата на тнр. Голема Албанија, која ги илустрира територијалните претензии спрема  големи области на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Особено вознемирува што во оваа афера се најдоа вклучени и властите на еднострано прогласеното за независно Косово. Ја сметаме таквата линија за крајно опасна, која може да предизвика уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканот во целина.

Би сакале да потсетиме дека одржаните во Македонија на 11 декември 2016 година на инсистирање на ЕУ и САД предвремени парламентарни избори беа одбележани со победа на владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот преку албанското малцинство се обидува да ја донесе на власт во Скопје поразената опозиција која се потпиша на ултимативните барања на Албанците кои водат кон поткопување на уставните темели на земјата.

Континуираните деструктивни обиди за наметнување однадвор на шеми, спротивни на волјата на македонските гласачи, можат само да ја влошат ситуацијата. Потребно е да престане мешањето однадвор во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да ја решаваат својата судбина во согласност со основните демократски принципи“, се вели во коментарот на рускиот дипломатски ресор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња