МНР РФ: Лавров нема изјавено за поделба на Македонија

Министерството за надворешни работи на Русија демантира дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров има изјавено за наводна поделба на Македонија.

„Руска реч на македонски“ го пренесува во целост коментарот на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со неодамнешниот напис во „Дојче Веле на македонски јазик“ во која се споменува наводна изјава на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за Македонија.

„Обрнавме внимание на вознемирувачкиот според својата содржина напис објавен во „Дојче Веле на македонски јазик“ во кој се прави обид на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров да му се припише идејата за поделба на Република Македонија која неодамна ја искажа американскиот конгресмен Д. Рорабакер. Сергеј Лавров не само што никогаш нема дадено такви изјави, туку напротив, решително ги осудувал провокациите од тој тип.

Очигледно е дека оваа измислица е чиста провокација чија цел е да се поткопа имиџот на Русија во Балканскиот регион, уште повеќе да ја „загрее“ ситуацијата во Македонија. Притоа грубото мешање на поранешната администрација на САД и на ЕУ во внатрешните работи на македонската држава, употребата на деструктивни методи на „шарената револуција“, обидите да се наметнат шеми на формирање на власта кои се спротивни на волјата на граѓаните изразена на парламентарните избори од 11 декември 2016 година, не предизвикуваат кај наведеното издание никаква одбивност. Убедени сме дека токму таквите пројави како краен резултат водат кон поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија“, се вели во коментарот објавен на сајтот на МНР РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња