Медведев: На Русија не ѝ треба „милоста“ на Западот

Русија треба да се подготвува за живот во услови на санкции на неопределено долг период, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Русија треба да се подготвува дека ќе живее во услови на санкции неопределено долго и дека на Запад се обидуваат да ги „овековечат“ санкциите, но РФ е способна да се развива добро и во такви услови, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

„По повод санкциите сум зборувал многу пати. Ние треба да се подготвиме за тоа дека ќе живееме во услови на санкции неопределено долго. Погледнете што прават нашите пријатели на другата страна од океанот и во Европа. Тие санкциите ги овековечуваат, ги кодифицираат. Тие носат маса закони покрај сите извршни наредби кои Обама ги донесе, тие се обидуваат да усвојат закони кои овие санкции ќе ги направат постојани. Слични на амандманот на Џексон-Веник или уште построги“, изјави Медведев во интервјуто за „Вести во сабота“.

„Затоа во оваа смисла ние не треба да сметаме на некаква нивна милост, нам тоа не ни треба, затоа што ние во услови на санкции, како што докажа искуството од последниве две години, сме способни да се развиваме и фактички добро да се развиваме. Сѐ што постигнавме и во индустријата, и во земјоделството, направено е не благодарение, туку напротив. Во значителна мера затоа што бевме принудени да ја престроиме својата работа“, истакна шефот на руската држава, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња