Медведев: Руската економија премина во фаза на раст

Руската економија влезе во фаза на раст, а основните макроекономски показатели се во добра состојба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Руската економија влезе во фаза на раст, а основните макроекономски показатели се во добра состојба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев на состанокот со претставниците на деловните кругови во рамките на Рускиот инвестициски форум во Сочи,  пренесува РИА „Новости“.

„Во целина макроекономската ситуација во земјата е стабилна, основните показатели се, во добра состојба, економијата влезе во фаза на раст. Инфлацијата е драстично намалена. Исто така, со заеднички напори со бизнис заедницата, успеавме да ја ставиме под контрола невработеноста во земјата, таа во последно време не е во пораст и се наоѓа во планираните параметри“, изјави Медведев.

„Сите макроекономски услови, без сомнение, послужија како основа за почеток на сеопфатна работа над сложениот план на владата за периодот 2017-2025 година“, додаде рускиот премиер.

Медведев, исто така, предложи со претставниците на деловните кругови да се дискутира на темата за инвестициската атрактивност на регионите во земјата, вклучувајќи ја и атрактивноста во сферата на земјишните односи и даночната политика.

Рускиот премиер истакна дека традиционалните средби со претприемачите во рамките на форумот во Сочи вродуваат со плод.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња