Путин ги критикува европските медиуми

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека многу европски медиуми ја загубиле врската со своите минати вредности и се претвориле во орудие за манипулација со јавното мислење.

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе 150 јубилеј на редакцијата и читателите на весникот „Ла Стампа“ – едно од најстарите изданија во Италија и цела Европа.

Путин истакна дека за Европа отсекогаш биле важни вредностите како што се слободата на говорот, објективноста и  непристрасноста, сепак, додаде Путин, „последниве години најавторитетните медиуми се претворија во орудие за манипулација со јавното мислење, каде информационите војни станаа секојдневна реалност“, се истакнува на сајтот на Кремљ.

Според зборовите на шефот на руската држава, ангажираните медиуми сега презентираат искривена во полза на нечиј интерес слика за она што се случува, и со помош на информациски измислици ги уништуваат судбините не само на поединци, туку и го менуваат политичкиот пејзаж на цели држави, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.