САД ги ублажија санкциите против ФСБ

Министерството за финансии на САД уште еднаш дозволи да се склучуваат договори со Федералната служба за безбедност на РФ (ФСБ), нешто што беше забрането од страна на претходната администрација. Ублажувањето на санкциите ќе им помогне на американските добавувачи на електроника во Русија.

Единицата за санкции (Канцеларија за контрола на надворешни средства (Office of Foreign Assets Control) на Министерството за финансии на САД на 2 февруари објави на својот сајт документ под наслов „Општа дозвола Бр.1“ (Cyber-related General License 1). Дозволата го ублажува режимот на санкции, воведен од администрацијата на Барак Обама против руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Во дозволата се наведува дека сите трансакции и активности со учество на ФСБ, кои беа забранети во согласност со Извршните укази од 1 април 2015 година и 28 Декември 2016 година, повторно се легални. Се дозволуваат барања, купување и употреба на документи издадени од страна на ФСБ, со цел увоз, дистрибуција или употреба на производи од областа на информатичката технологија.

РБК појаснува дека се работи за ликвидирање на ризиците за американскиот бизнис. Според руското законодавство, увозот во земјата на сите предмети со функција за енкрипција (вклучувајќи ги и мобилните телефони) подлежи на усогласување со ФСБ. Притоа во декември 2016 година Обама фактички им забрани на правните лица секаква соработка со руската специјална служба – како резултат на тоа, кај испорачателите на електроника можеа да настанат проблеми. Новиот документ го укинува тој ризик.

Санкциите против ФСБ беа воведени од страна на Обама во декември 2016 година кога Белата куќа ја обвини Русија за мешање во предизборната кампања во САД.

Износот на надоместот кој ФСБ ќе го добива за лиценци и сертификација на документите не смее да надминува 5 илјади долари годишно. Во документот, исто така, е наведено одделно дека лиценцата не дозволува „извоз, реекспорт или испорака на сите стоки, технологија или услуги“ на Крим, како и да се наведуваат во пресметките банкарските сметки, блокирани со американските санкции.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков беше воздржан во однос на омекнувањето на санкциите. Во разговор за ТАСС тој истакна дека САД никогаш не дозволуваат санкциите да им наштетат на нивните витални интереси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња