Агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на „извори запознаени со ситуацијата“, пишува дека началникот на одделот на Центарот за информациона безбедност на ФСБ РФ Сергеј Михајлов и неговиот заменик Дмитриј Докучаев, приведени во декември 2016 година, се обвинети за соработка со Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД. За апсењето на Михајлов и Докучаев се дозна кон крајот на јануари.
Претходно анонимни извори на „Росбалт“ и „Лајф“ укажаа на врската меѓу апсењето на Михајлов и неговиот помошник Докучаев со активностите на хакерската група „Анонимни интернационал“. Групата хакираше профили на чиновници и претприемачи и ги продаваше добиените информации на интернет.
Михајлов, влијателен припадник на ФСБ, одговорен за безбедноста на интернетот, наводно ја презел под контрола групата и добивал од нејзиниот основач Владимир Аникеев пари. Аникеев беше уапсен во ноември 2016 година и, според извори на „Росбалт“, токму тој го предал Михајлов на органите за безбедност.
Адвокатот на приведените Иван Павлов, впрочем, изјави дека делото за велепредавство не е поврзано со активностите на „Анонимни интернационал“. Во медиумите се провлече информација дека Михајлов не бил поврзан само со хакерите.
Соговорниците на „Интерфакс“ сметаат дека Михајлов и Докучаев се обвинети за кршење на заклетвата и соработка со ЦИА (без детали тие дејствувале директно или преку посредници). Се соопштува дека во врска со случајот се уапсени четири лица, а уште осум фигурираат како соучесници. Познато е дека освен припадниците на ФСБ и Аникеев, беше уапсен и вработениот во „Лабораторијата на Касперски“ Руслан Стојанов, исто така, експерт за компјутерска безбедност.
Изворите укажуваат дека случаите за соработка со хакерите и ЦИА „се поклопуваат едни со други, но не се пресекуваат“: дел од обвинетите во случајот работеле со хакерски групи, а дел - со странски тајни служби. Осомничените ги поврзува познанството на едни со други и струката - сите од нив се поврзани со ИТ-технологиите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче