Анкети:САД ја сметаат Русија за закана, Русите мислат дека го плашат светот

82% од возрасното население на САД, од кои 84% демократи и 82% републиканци, ја опишуваат Русија како земја која е закана за САД.

Мнозинството Американци гледаат во Русија закана за САД, велат резултатите од анкетата спроведена од агенцијата „Ројтерс“ заедно со меѓународниот институт за истражување на јавното мислење „Ипсос“  во периодот од 9 до 12 јануари.

Од испитаниците беше побарано да ја оценат на скала од 1 до 5 заканата која доаѓа, според нивното мислење, од различни држави.

Се покажа дека 82% од возрасното население на САД, од кои 84% демократи и 82% републиканци, ја опишуваат Русија како земја која е закана за САД. Тоа е за 6% повеќе од март 2015 година, кога беше реализирана иста таква анкета.

Притоа 25% Американци ја сметаат за „неизбежна закана“.

Русија се најде на второто место на листата, пред Иран, Сирија, Кина, Саудиска Арабија, Куба и Јемен. Само Северна Кореја претставува посериозна закана за САД од Русија, пренесува РИА „Новости“.

Од друга страна, во анкетата спроведена во Русија од фондот „Јавно мислење“, 86% Руси сметаат дека светот се плаши од Русија. 75% од испитаниците сметаат дека тоа е добро.

Анкетираните исто така се убедени дека влијанието на Русија во светот последниве години расте  (67%), отколку што се намалува (19%). Порастот на тоа влијание се објаснува со порастот на воената моќ на земјата (14%), водењето правилна, независна надворешна политика (11%) и по заслуга на претседателот на РФ (7%).

48% испитаници сметаат дека во светот денеска спрема Русија се однесуваат лошо, а 42% - добро.

Секој втор анкетиран (51%) смета дека односот спрема Русија во светот во целина е необјективен (36% сметаат дека е објективен).

Притоа 58% испитаници изјавиле дека живеат во богата земја, 33% ја сметаат за сиромашна.

70% од учесниците во анкетата ја нарекуваат Русија слободна земја, 22% не се согласуваат со тој став. 65% одговориле дека ја сметаат Русија за развиена и напредна држава.

Анкетата беше спроведена на 24-25 декември меѓу 1500 испитаници во 104 населени места во Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња