Амбасадата на Русија го обвинува Би-Би-Си за искривување на факти

Амбасадата на Русија во Лондон го обвини британски Би-Би-Си за ширење неточни информации за односот на Москва спрема сириската опозиција.

„Поствистина на Би-Би-Си: Русија навистина ги разликува терористите од вистинската сириска опозиција – погледнете ги преговорите во Астана. Дозвола за лага?!“, се вели во соопштението на амбасадата на „Твитер“.

Дипломатската мисија го објави своето соопштение откако на сајтот на Би-Би-Си се појави статија за телефонскиот разговор меѓу рускиот и американскиот претседал Владимир Путин и Доналд Трамп. Во текот на разговорот лидерите разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток, пишува РИА „Новости“.

Конкретно, во статијата пишува: „Русија ги смета за терористи сите бунтовници во Сирија насочени против Асад. Иако претходната администрација на САД поддржуваше некои умерени групи бунтовници кои беа против претседателот Башар Асад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња