Русија ѝ предаде на опозицијата проект за нов устав на Сирија

Москва им предаде на претставниците на вооружената сириска опозиција предлог за нов устав на Сирија, изјави шефот на руската делегација на преговорите во Астана Александар Лаврентјев.

Според Лаврентјев, проектот е подготвен од руски експерти.

„Сакам особено да потенцирам: тоа го направивме исклучително поради тоа што сакаме да го забрзаме овој процес и да му придадеме на тоа некаков дополнителен стимулативен импулс, без на каков било начин да се мешаме во процесот на разгледување и донесување на уставот“, додаде Лаврентјев, пренесува РИА „Новости“.

По преговорите во Астана на 23-24 јануари беше донесена заедничка резолуција на Русија, Иран и Турција, во која страните најавија создавање на трипартитен механизам за почитување на прекинот на огнот. Неговите детали ќе бидат разработени преку воени канали меѓу Техеран, Москва и Анкара.

Во исто време Русија, како што потенцира Лаврентјев, не ја исклучува појавата на нови гаранти на договорот за примирје, меѓутоа тие треба да имаат реално влијание врз опозицијата.

Шефот на делегацијата на опозицијата Мохамед Алуш, од своја страна, ја истакна растечката улога на Русија во воспоставувањето мир во Сирија и изрази надеж дека Москва ќе продолжи да игра позитивна улога во поддршката на „реалниот праведен политички процес“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња