„На Косово делува мрежа од руски агенти!“ Оваа информација во текст без автор беше објавена на сајтот на косовската телевизија РТК, која се повикува на „Агенцијата за разузнавање на Косово “, соопштува сајтот „Руски експрес“.
Како шеф на „разузнавачката мрежа“ Албанците ја посочуваат Драгана Трифковиќ - српски политичар и публицист, која никогаш не ја криела својата проруска ориентација. Меѓу припадниците на „нелегалната организација“ се наведени голем број активни и отворени противници на косовската независност, пишува изданието. Сите тие се противат на политиката на Белград, насочена, според нив, кон постепено фактичко признавање на независноста на Косово. Според претставници на српски невладини организации на Косово, материјалот на сајтот на РТК е не само провокација, туку и список на лица за отстрел.
Особената опасност на оваа листа се состои во тоа што ги изложува животите на лицата наведени како припадници на „мрежата“ на непосредна опасност и понатаму целата одговорност за нивното здравје и безбедност ќе лежи врз властите во Приштина. Во сегашната ситуација на Косово, излегувањето на ваква публикација е директен повик кон насилство и линч, пишува „Руски експрес“.
Весникот потсетува дека пред 13 години поради слични материјали, од истите извори, дојде до мартовските погроми кои завршија со жртви меѓу српското население и уништување на куќи, цркви и манастири.
Трифковиќ ја обвини „тајната служба на нелегалните приштински власти“ за неосновани инсинуации врз основа на „разузнавање“ на нејзиниот профил на Фејсбук, затоа што како „членови на мрежата“ се наведени нејзини пријатели на социјалните мрежи.
„Руски експрес“ смета дека со оглед на фактот дека од неодамна регионалните медиуми објавуваат „лажни вести“ за вмешаноста на „Русите“ за активирање на било какви протестни расположенија на Балканот, појавата на оваа публикација е јасен знак дека во регионот започнува голема, координирана од страна на надворешни сили, кампања против Русија. Таа е пред сѐ насочена кон луѓе кои претходно изјавиле дека ја гледаат иднината на нивните држави во сојуз со Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче