Потезите на Русија на Балканот не се толку гласни и се со помало количество насилство од останатите потези на Кремљ, меѓутоа тие воопшто не се помалку важни во рамките на обновата на „Големата игра“ во 21 век.
Исто како и поранешните делови на Руската империја и Блискиот Исток, така и Балканот одамна претставува за Русија поле за игра.
Сепак, светот се менува, и тоа не само како резултат на носталгичните напори на рускиот претседател Владимир Путин. „САД одредено време престанаа да бидат испорачувач на безбедност“, изјави во декември министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски во интервју за австрискиот весник „Дер Стандард“.
Ако новата администрација на САД се покаже изолационистичка како што зборуваше Трамп во предизборната кампања, ЕУ ќе мора да го одржува редот на Балканот, а Русија се чувствува доволно сигурна пред обессилената ЕУ. Затоа нејзината вмешаност во овој регион станува сѐ повеќе предодредена.
Николај Патрушев, шеф на Советот за безбедност на РФ, неодамна изјави дека РФ е против проширувањето на НАТО со Црна Гора, Македонија и Босна и го наведе тоа како една од најголемите закани за Русија, поради искуството со Бугарија, поранешен руски клучен сојузник на Балканот, која откако стапи во НАТО и ЕУ, го торпедираше проектот за изградба на „Јужен тек“. Единствено што Москва може во моментов да направи е да ги поддржи новите проруски политички фигури, како што е новиот бугарски претседател Румен Радев, и да се надева дека тој ќе може да се спротивстави на западниот притисок.
Целта на Путин во однос на другите балкански земји е, во крајна мера, да ги држи неутрални и, доколку е можно, да им направи вистинско чистилиште, кога станува збор за зачленување во западните структури. Затоа Русија се залага за прекин на работата на апаратот на Високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Русија е задоволна што има силни сојузници во Србија и во Република Српска. Враќањето на долгот на поранешна Југославија од 125 милиони долари за Босна е најдиректна форма на помош за Додик од страна на Москва, пишува „Блумберг“.
Ситуацијата со Косово е без преседан, затоа што Русија ја искористи како оправдување за референдумот кој доведе до присоединување на Крим кон Русија.
Српскиот претседател Николиќ е еден од најотворените сојузници на Русија, додава „Блумберг“.
Русија го поддржува и путинскиот според стилот режим во Македонија, и гледа на протестите од 2015 година како на обид на Западот да ја освои земјата. Во Црна Гора Русите беа обвинети за подготовка на заговор против властите, што можеше да биде и политичка местенка, меѓутоа Русија јасно ја изрази својата заинтересираност да ја држи Црна Гора надвор од НАТО.
Во една или друга форма Русија е вмешана во работите на сите балкански нации и нејзиното учество станува сѐ поактивно. Доколку ситуацијата стане тензична, не треба да се исклучи политичка и воена вмешаност на Русија. За разлика од својот претходник од 1990-те Борис Елцин, Путин не верува дека сферите на влијание се застарена концепција, заклучува „Блумберг“, пренесува ИноСМИ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче